ВИЗИЈА

Да бидеме пионер и уметник во креирањето на човековата благосостојба.

ВИЗИЈА

Да бидеме пионер и уметник во креирањето на човековата благосостојба.

„Транспарентноста и интегритетот се нашите силни страни.“

Иновативни сме во начинот на кој пристапуваме кон бизнисот и надворешно и внатрешно, преку грижа, споделување и смелост, но и ентузијазам и страст, што не прави попродуктивни во сè што правиме. Се стремиме кон извонредност во комуникацијата, затоа што слушаме и градиме односи, се осмелуваме да правиме храбри чекори, а нашиот успех е резултат на ангажманот на секој од членовите на нашиот тим.

МИСИЈА

Во соработка со заедницата, смело создаваме уникатни искуства и нови вредности користејќи страст, знаење, интегритет и благодарност.

particles bg

Го унапредуваме здравјето преку доверливо партнерство со корисниците на нашите производи, на кои им нудиме повеќе од самиот производ. Ги слушаме и разбираме корисниците кои ги избираат нашите производи, ги почитуваме и цениме, а тие знаат дека од нас можат да добијат комплетен пакет квалитетни производи и иновативни услуги, поради што и ни веруваат.

Одлични сме во усогласувањето и интегрирањето на активностите за маркетинг и продажба, како и за создавање тимови и градење односи меѓу сите засегнати страни во системот.

Размислуваме поинаку. Нашата корпоративна култура и нашите вредности, имено, интегритетот, соработката, страста, отворената комуникација и континуираниот развој, ни даваат конкурентна предност.Членовите на нашиот тим се страсни и ангажирани луѓе, кои не се откажуваат кога се соочуваат со пречка.